Челси нема да се задоволи со Делап: Ќе го засилува нападот со уште едно звучно име

Челси го претрка Ливерпул во битката за Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт. Голгетерот го сврте вниманието кон себе со одличните настапи за германскиот тим, па би можел кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.

И покрај тоа што потписот со Лиам Делап е сигурен за Челси, сепак, „сините“ нема да се задоволат само со едно име во нападот, туку сакаат уште еден за дополнително да ја зголемат конкуренцијата, со оглед дека ќе насапуваат во Лигата на шампионите идната сезона.

Во минатото Екитике беше дел од ПС+, потоа во дански Велје, а беше и во Ремс.

Се вчитува...