Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Челси, се вклучи во трката за ангажман на португалскиот интернационалец Бернардо Силва од Монако. Тој игра одлично во дресот на „кнезовите“ оваа сезона, диригира со играта на средината на теренот, а тоа му ‘падна во око’ на менаџерот Антонио Конте. Италијанскиот стратег е подготвен да плати 70 милиони фунти во летниот преоден рок за да го доведе на „Стемфорд бриџ“.
Интерес за Бернардо Силва постои и од Манчестер јунајтед, а Жозе Мурињо се надева дека ќе успее да победи во трката поради португалските релации.
„Постојат неколку понуди за него. Не би сакал сега да говорам за деталите, затоа што сезоната е во тек, а ние се бориме за шампионската титула“, изјави претседателот на Монако, Вадим Василјев.
Бернардо Силва оваа сезона на вкупно 36 натпревари во сите конкуренции постигна девет гола и реализира седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА