Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“ дојде без освоен бод од првите две кола, но успеа да си замине непоразен, откако одигра 1-1 против Челси. „Сините“ продолжија да ги разочаруваат своите навивачи, па после непријатниот пораз од Сервет, сеа одиграа нерешено со екипата која немаше бодови до пред ова коло.
Се добро почна за Челси. Во 25. минута Џексон успеа да донесе предност за домашните. Езе во 53. минута од средбата израмни, но Челси имаше доволно време да дојде до трите бода. Сепак, не успеа да искористи некоја од шансите, а на крајот можеше да биде и казнет откако Кристал Палас имаше ситуација пред голот на домашните.
Во вториот меч Њукасл како домаќин го совлада Тотенхем со 2-1. Александар Исак беше творец на победата со гол во 78. минута од средбата. Барнс ги донесе домашните во предност во 37. минута, а израмни Тотенхем со автогол на Барн во 56. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА