Челси официјално се раздели со Конте

Челси го отпушти Антонио Конте. Долгонајавуваната разделба, лондонскиот клуб ја потврди утрово во кратко соопштение на официјалната станица.

„Се разделуваме од Антониo Конте. Му посакуваме успех во понатамошната кариера“ – стои во соопштението од Челси.

48-годишниот Италијанец има уште една година од догворот со клубот кој во сезоната 2016/17 го предводеше до премиерлигашката титула. Најавите веќе подолго време велат дека „Сините“ ќе го ангажираат поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари на менаџерската позиција.

 

Се вчитува...