Челси ќе биде значително ослабен во наредниот период откако првиот напаѓач на тимот, Николас Џексон заработил незгодна повреда на дуелот со Вест Хем.
Деталните лекарски прегледи донеле главоболка за тренерот Енцо Мареска, проблемот воопшто не е наивен и според првите прогнози Џексон ќе паузира најмалку шест седмици и ќе може да се врати на терените најрано на почетокот од месец април.
Во ситуација кога „сините“ го позајмија Жоао Феликс во Милан, се очекува сега Мареска да му даде поголема минутажа на Нкунку, кој сезонава најчество му беше резерви на Џексон, но екс-фудбалерот на Лајпциг прикажуваше добри игри на средбите на кои беше стартер, најчесто во куп-натпреварувањата.
Челси утре ја отвара новата рунда од англиската Премиер-лига, со незгодно гостување против екипата на Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

