Челси ремизираше (1-1) на „Олд Трафорд“ и го задржа четвртото место на табелата во Премиер – лигата, со два бода предност во однос на Арсенал и три пред Манчестер Јунајтед. До крајот на првенството во Англија остануваат уште две кола и лондонските „сини“ имаат одлична шанса да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.
Шпанскиот голман Давид Де Хеа е трагичарот на Манчестер Јунајтед. Неговиот сонародник Хуан Мата донесе водство за „црвените ѓаволи“ во 11.минута, но Де Хеа реагираше очајно при ударот на Рудигер од далечина во 43.минута, ја одби топката, а подарокот го искористи Маркос Алонсо и донесе израмнување.
Во вториот дел, Манчестер Јунајтед се обиде да стигне до нова предност, но тимот на Оле Гунар Солскјер не успеа во намерата и останува на шестата позиција на табелата и најверојатно без учество во елитното европско натпреварување следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА