Челси останува со уште еден играч помалку: Миши Батшуаји пред нова позајмица

Миши Батшуаји е на прагот да премине во редовите на Вулверхемптон како позајмен играч до крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми. И покрај тоа што на Челси му недостасува напаѓач, Белгиецот не ја доби довербата на Томас Тухел па се наоѓа пред ново заминување од „Стемфорд Бриџ“.

Сега искусниот 28-годишник кога го засили Челси во 2016 година беше споредуван со Дидие Дрогба, но никогаш не ги исполни очекувањата. Последните две сезони ги помина во дресовите на Кристал Палас и Бешикташ, а 2018 година настапи и за Борусија Дортмунд.

Челси сеуште го бара вистинското засилување во нападот. Голема желба на Томас Тухел е Пјер Емерик Обамејанг со кој имаше беспрекорна соработка во Борусија Дортмунд, според последните информации веќе се започнати и преговори за трансфер со Барселона, но останува да видиме дали истиот ќе се реализира.

Се вчитува...