Челси отвори истрага во своите редови поради инцидент на мечот со Астон Вила

Фудбалскиот клуб Челси покрена истрага за инцидентот по завршувањето на натпреварот од 18. коло од Премиерлигата против Астон Вила, објави Би-Би-Си.

Фудбалерите на Астон Вила го победија Челси со 1-2 „Стемфорд бриџ“ во саботата. Британските медиуми објавија дека отворено пластично шише било фрлено кон играчите и членовите на тренерскиот штаб на клупата на Астон Вила, кои се радувале на победата на својот тим по натпреварот.

Шишето било фрлено од секторот каде што се наоѓале навивачите на Челси и клупскиот персонал на лондонскиот клуб. Би-Би-Си објави дека од Челзи е соопштено дека не е познато кој е одговорен за инцидентот и дека истрагата е во тек.

Се вчитува...