Челси оваа зима потроши 73,5 милиони, и 355 милиони за цела сезона

Тимот на Челси оваа сезона потроши најмногу пари на трансфери на играчи. Лондонските „сини“ само оваа зима потрошија неверојатни 73,5 милиони евра. Лондонскиот клуб го ангажираше Жоао Феликс од Атлетико, и за неговите услуги до лето ќе плати неверојатни 11 милиони евра.

Севкупно Челси потрошил 355 милиони евра за нови играчи сезонава. Манчестер Јунајтед е на второто место со далеку зад нив, 240 милиони евра, додека трет Вест Хем со 182 милиони.

Пред Феликс, на тимот на Грем Потер му се приклучија и Беноа Бадијашил за 38 милиони евра, Андре Сантос за 12,5 милиони, и Давид Фофана за 12 милиони.

Вториот клуб кој потрошил најмногу пари зимава е Ливерпул, кој го ангажираше Гакпо за 42 милиони евра.

Се вчитува...