Англискиот премиерлигаш Челси стартува со акција за доведување на Кутињо од редовите на Барселона, јавуваат англиските медиуми.
Според последните информации, Абрамович е подготвен да плати 100 милиони фунти за 26-годишниот бразилски фудбалер.
Од Челси веруваат дека и каталонскиот тим ќе се согласи за ослободување на Кутињо со оглед на фактот дека и не е премногу „експлоатиран“ сезонава во првиот тим. Како што пренесуваат Англичаните, и самиот Бразилец воопшто немал против да се пресели во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА