Челси почнува в понеделник, Лампард „оправдано“ отсутен

Франк Лампард и неговиот тренерски тим се очекува в понеделник да се појават на претсезонските тренинзи на Дерби додека во меѓувреме продолжуваат преговорите за неговиот трансфер во Челси.

Преговорите непредвидено се развлекоа иако Дерби даде дозвола за разговори со нивниот менаџер кој инаку има уште една година од актуелниот договор. Ова практично значи дека и Челси в понеделник ќе го почне претсезонскиот подготвителен период без менаџер.

Тимот во кој ќе бидат неколкумина првотимци кои немаат репрезентативни обврски заедно од играчи од академијата ќе почне да тренира за два дена, а извесно е дека Лампард кој се очекува да биде промовиран на тренерското место нема да дојде навреме.

 

Се вчитува...