Челси е подготвен да го пушти Ромело Лукаку да се врати во Интер и тоа за 12 милиони евра како позајмен во следната сезона. Англискиот клуб со тоа ги намали барањата, кои изнесуваа 25 милиони евра, но е подготвен за двојно повеќе да му дозволи да се врати на „Џузепе Меаца“.
Интер, пак, е подготвен да плати 7 милиони евра за неговите услуги за едногодишна позајмица, па се очекува двете страни да ги доближат ставовите и да се договорат во следните денови.
Белгиецот минатата сезона постигна 15 гола во 44 меча за Челси. И самиот Лукаку изразил желба да се врати во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА