Челси подготвен да „извади“ 100 милиони за Кварацхелија

Челси е се позаинтересиран за услугите на играчот на Наполи, Хвича Кварацхелија. Репрезентативецот на Грузија важи за еден од најдобрите играчи во Европа, а клубот од Стемфорд Бриџ има голема желба да го ангажира.

Наводно лондонските „сини“ подготвуваат понуда од 100 милиони евра за него. Во клубот, сепак, постои резерва поради барањата за финансиски фер-плеј. Ова може да биде голем проблем за евентуален договор.

Кварацхелија беше едно од најголемите откритија во светот на фудбалот минатта година. Грузиецот потпиша со Наполи за сума од 13,5 милиони евра, но стана клучен фактор за Скудетотот на Наполи.

Се вчитува...