Челси престојното лето ќе го искористи за промена во средината на теренот. На излезните врати на „Стемфорд Бриџ“ е Енцо Фернандез, а „сините“ ја бараат адекватната замена.
Истата е најдена во редовите на Реал Мадрид. Станува збор за Џуд Белингем, англиската ѕвезда за која Челси нема да штеди пари да го доведе во своите редови.
Раководството на Челси сака да го врати Англичанецот во татковината и за тоа е подготвен да издвои неверојатни 150 милиони евра. Трансферот во многу работи ќе зависи и од изборот за нов тренер на Реал, кој ќе треба да донесе одлука окоолу иднината на англиската суперѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

