Челси подобар од Чарлтон во првиот меч на Росениор (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси успешно ја минаа првата пречка во ФА купот откако славеа на гостувањето кај Чарлтон со 1-5. Ова беше прв натпревар на клупата на лондонските сини за новиот тренер Лиам Росениор.

Домаќините одолеваа во првото полувреме се до четвртата минута од судиското продолжение кога Џорел Хато стрелаше за 0-1. На стартот на второто полувреме Адарабијо погоди за 0-2.

Чарлтон намали на 1-2 преку Лебурн во 57. минута, додека Гују во 62. минута повторно донесе водство од два гола за Челси (1-3). На 1-4 зголеми Нето во 91. додека конечните 1-5 ги постави Фернандез од пенал во 94. минута.

Charlton 1 – [3] Chelsea – Marc Guiu 62'
byu/gbogaz insoccer

Се вчитува...