Челси понуди 200.000 фунти неделна плата, но дефанзивецот си оди од „Стемфорд бриџ“

Челси го очекува комплетен ремонт на одбранбената линија во текот на летото откако Антонио Ридигер ја одби и последната понуда за продолжување на договорот, по што станува јасно дека германскиот репрезентативец како слободен играч ќе го напушти „Стемфорд бриџ“.

Откако стана јасно дека Цезар Азпиликуета ќе си замине од актуелниот европски првак, по стапките на шпанскиот ветеран тргна и Ридигер, кој ја одби богатата понуда од управата на „сините“. Имено, Челси му понудил на Германецот четиригодишен договор за неделна плата од 200.000 фунти, но и тоа било недоволно за искусниот дефанзивец да ја продолжи верноста кон својот клуб.

Се шпекулира дека Ридигер има постигнато начелен договор со Реал Мадрид за летово да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, за плата пониска од онаа што му ја понуди Челси, но и богат бонус за потписот со „кралевите“.

Се вчитува...