Англискиот премиерлигаш Челси достави понуда вредна 60 милиони евра до италијанскиот калчолигаш Торино за ангажман на репрезентативниот напаѓач на „аѕурите“, Андреа Белоти, открива „Тутоспорт“. Но, раководството на Торино ја одби и оваа понуда со став дека е премала за клубот од „Стемфорд бриџ“ да го добие одличниот стрелец во своите редови. Сепак, сигурно е дека менаџерот на Челси, Антонио Конте, нема да се откаже и дека и понатаму ќе инсистира на негов евентуален ангажман во летниот преоден рок.
Белоти игра одлична сезона во дресот на Торино, постигнувајќи 26 гола на 31 натпревар во сите конкуренции. Торино навреме успеа да се обезбеди и во неговиот договор постави отштетна клаузула од 100 милиони евра доколку некој сака да го купи ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА