Челси потпиша осумгодишен договор со Николас Џексон

Николас Џексон е нов фудбалер на Челси. „Сините“ од Лондон за овој играч му платија на Вилјареал 27 милиони евра, односно 2 милиони повеќе од откупната клаузула на играчот, но сумата ќе биде исплатена на неколку рати.

Договорот на сенегалскиот интернационалец е до летото 2031 година. Изминатата сезона за Вилјареал беше дел на 38 натпревари, во кои постигна 13 гола и запиша пет асистенции.

Се вчитува...