Челси ќе потпише договор вреден 40 милиони фунти со Матео Ковачиќ и покрај забараната за трансфери во два преодни рока изречена од ФИФА. Тој секако минатата сезона ја мина на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч од Реал Мадрид и затоа веќе е регистриран за Челси. Ова значи дека ако лондонскиот клуб ја затвори процедурата со него до 30. јуни до кога истекува позајмицата, нема да треба нова регистрација. На овој начин Челси ја заобиколува суспензијата од ФИФА.
Ковачиќ има 32 премиерлигашки настапи изминатата сезона, а одлуката на менаџерот Маурицио Сари да го замени со Рос Баркли направи конфузија околу неговата ефективност.
Челси поради суспензијата не смее да прави трансфери летово, клубот се жалеше на казната, случајот е кај Спортскиот арбиражен суд во Лозана, а според неговиот распоред одлука нема да има до завршувањето на преодниот рок во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА