Челси потроши рекордни пола милијарда евра на нови играчи, а резултатите…

Украинската сензација Михајло Мудрик е нов играч на Челси. Иако Арсенал со недели беше фаворит за неговиот потпис, сепак, на крајот се случи пресврт, па Шахтјор се договори со лондонските „сини“ за 108 милиони евра.

21-годишниот крилен играч ќе го засили Челси, а пред неколку дена Мудрик на Потер му кажал дека приоритет му е заминување во Арсенал. Но, очигледно приоритетот се смени.

Во меѓувреме Мудрик бил убеден да го смени мислењето и со тоа да стане нов играч на Челси. „Сините“ добија уште еден играч оваа сезона, и со него влезните трансфери во екипата ќе достигнат неверојатни 455 милиони евра.

Срушен е рекордот на Реал Мадрид во 2019/2020 кога потроши 397 милиони евра. Сепак, купувањата на Реал се покажаа одлични, со исклучок на Еден Азар кој чинеше 115 милиони евра.

Челси покрај Мудрик, оваа сезона ги донесе Фофана од Лестер за 80 милиони евра, 65 милиони плати за Кукурелја, а 56,2 милиони евра потроши на купување на Рахим Стерлинг. 38 милиони евра беше платен Бадиашил од Монако, Кулибали беше купен исто за 38 милиони, 18 милиони поторшени за Карни Чуквуемека од Астон Вила, потоа од Барселона стигна Пјер-Емерик Обамејанг за 12 милиони, а 9 милиони плати за голманот Габриел Слонина.

Згора на тоа Челси плати на Атлетико Мадрид скоро 12 милиони евра за шестмесечна позајмица на Жоао Феликс, 12 милиони му плати на Молде за Давид Фофана.

Ама резултатите на тимот засега се катастрофални. Во моментов екипата го држи 10-тото место на табелата, со 10 бодови помалку до местата кои носат во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...