Челси ќе го враќа на „Стемфорд бриџ“, Петр Чех, голманот кој мина 11 години во клубот, откако тој објави дека ја завршува кариерата на крајот од актуелнава сезона. Од 2015, чешката голманска легенда е во Арсенал.
Информациите од Англија велат дека Челси на крајот од сезоната, кога и завршува 20-годишната кариера на Чех, ќе му понуди да биде или амбасадор на клубот или да почне да работи како тренер.
Во 11-те сезони во Челси, Чех освои четири премиерлигашки титули, четири трофеи во ФА купот, како и пехари во Лигата на шампионите и во Европа лигата. Тој има 124 настапи за чешката репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА