Челси повторно на шопинг во Лајпциг

Челси ова лето ќе се обиде да го ангажира Конрад Лајмер чиј договор истекува на крајот на сезоната 2022/23. Австрискиот репрезнетативец нема намера да ја продолжи соработката со германскиот состав и слободно ќе одлучува помеѓу неколку европски великани.

За неговите услуги интерес изминатото лето покажа Баерн Минхен, а 25-годишникот е желба и на Ливерпул па ќе биде интересно да видиме кој ќе му понуди најголем договор на фудбалерот за кој Лајпциг плати 7 милиони евра во 2017 година.

Челси е заинтересиран и за уште два фудбалери од редовите на Лајпциг. Тоа се Јошко Гвардиол кој „сините“ се обидоа да го купат во летото и Кристофер Нкунку со кој тамошните медиуми пренесоа дека е веќе постигнат иницијален договор.

Се вчитува...