Резултатската криза во Челси повторно се продлабочи по најновото катастрофално издание на „сините“, овојпат на домашен терен против Вулверхемптон, меч што Челси го загуби со 2-4. Маурицио Покетино се повеќе ја губи довербата и на навивачите и на клупските челници откако „сините“ целосно потфрлија, иако први дојдоа во водство преку Палмер. Вулверхемптон најпрвин успеа да израмни на 1-1, а потоа ја искористи заспаноста на домашната одбрана и набрзина поведе и со 1-4. Се што успеаја домаќините да направат беше утешниот погодок на Силва, премалку за да се избегне фијаско на овој дуел.
Челси по овој пораз падна на 11. место на табелата, откако „сините“ беа прескокнати од Вулверхемптон со само 31 освоен бод по првите 23 рунди.
Манчестер Јунајтед стигна до нови три бода со кои се искачи на шестото место откако „црвените ѓаволи“ славеа над Вест Хем со 3-0. Хојлунд ја продолжи серијата импресивни игри со нов гол за отворање на резултатот на „Олд Трафорд“, по што на сцена стапи Гарначо, кој со два погодоци ја запечати победата на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА