Челси повторно се засилува од Брајтон

Челси ова лето ќе стигне до уште едно засилување од редовите на Брајтон во името на Факундо Буонаноте, младиот аргентински фудбалер кој пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч без можност неговиот договор да биде откупен на крајот на сезоната.

Сепак Челси ќе има можност следното лето да изедначи понуда за негов трансфер и да има предност за ангажман на талентираниот фудбалер роден во 2004 година.

Аргентинскиот репрезентативец пристигна во Брајтон во 2023 година, а минатата сезона ја помина на позајмица во Лестер. Претходно настапуваше за Росарио.

Се вчитува...