Челси прави тим за освојување на Премиерлигата, Тухел тргнува по Лукаку

Ромелу Лукаку е првата желба на Томас Тухел во следниот преоден рок. Стратегот на Челси, по титулата во Лигата на шампионите, сака да формира тим способен да стигне до титулата во Премиер лигата.

Белгискиот репрезентативец има одлична сезона зад себе. Најзаслужен е тоа што со Интер ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус и го освои трофејот во Серија А. Тој постигна 24 гола и запиша девет асистенции во италијанската лига.

Ромелу се приклучи на тимот од Милан во 2019 година за 74 милиони фунти и Интер ќе стори се за да го задржи и покрај многу тешката финансиска состојба во која се наоѓа миланскиот клуб. Ако треба, прво ќе ги продадат Ашраф Хакими и Лаутар Мартинез, со цел да го задржат Белгиецот.

Сега е редот на Челси. Останува да видиме колку се подготвени да одвојат пари за Лукаку, кој веќе беше член на тимот од Лондон во периодот од 2011 до 2014 година. Сепак, во тоа време тој одигра само десет натпревари за „сините“ без погодок. Тој исто така беше на позајмица во ВБА и Евертон.

„Ние сакаме да ја нападнеме Премиер лигата. Имаме млад тим, но мора да се засилиме. Сега сите ќе гледаат во нас со различни очи како европски шампиони. Поставивме големи цели и ќе сториме сè за да ги исполниме“, рече Томас Тухел.

Се вчитува...