Лигата на Конференции влезе во својата завршна фаза, а во својата четврта сезона ќе добиеме нов освојувач на пехарот во третото по ред клупско натпреварување на УЕФА.
Во претходните три изданија трофејот го освојуваа Рома, Вест Хем и Олимпијакос, а сега во полуфиналето ги следиме дуелите Бетис – Фиорентина и Челзи – Ѓургарден.
Оваа сезона од Конференциската лига би можела да влезе во историјата на европскиот и светскиот фудбал. Имено, ако Челси го освои трофејот, тогаш ќе стане првиот тим кој успеал да ги освои сите три натпреварувања: Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции. За потсетување дека „сините“ имаат освоено и два трофеи во Купот на победниците на Куповите, и два пати Супер-Купот на Европа.
Тимот од Лондон шест пати бил англиски шампион, осум пати победник на ФА Купот, пет пати победник на Лига купот и четири пати победник на Суперкупот.
Така во Англија имаат четири различни трофеи, како и во Европа. И тоа не е се, овој тим го има освоено и Светското клупско првенство.
Ако ја освои Конференциската лига, Челзи ќе стане првиот клуб со пет различни европски трофеи или првиот клуб во светот со десет различни трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА