Челси пред комплетирање на уште еден трансфер

Трансферот на Јорел Хато, младиот холандски стопер од редовите на Ајакс е комплетиран и останува уште фудбалерот да ги помине медицинските прегледи кои се закажани за денеска пред официјално да биде претставен како нов фудбалер на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Овој трансфер ќе го чини Челси околку 40 милиони евра и ќе биде седмиот ова лето и воедно третиот најскап, бар за кратко бидејќи наскоро се очекува и трансфер да реализира Чаби Симонс.

Договорот на 19-годишникот ќе биде до 2032 година со што се става јасно дознание дека тренерот Енцо Мареска ќе смета на него на долги стази.

Се вчитува...