Челси пред победа – Јунајтед загуби уште една трка по нов голгетер

Манчестер Јунајтед се мачи да доведе нов голгетер по желбите на Рубен Аморим, веќе е јасно дека Виктор Гијокереш е невозоможна мисија, но „црвените ѓаволи“ неочекувано загубија уште една битка, овојпат по голгетерот на Ипсвич, Рори Делап. Винови за тоа се челниците на Челси, кои успеаја да го убедат Делап да се пресели на „Стемфорд бриџ“, оставајќи го Јунајтед повторно со празни раце во потрагата по нов напаѓач.

Младиот напаѓач беше едно од најпријатните изненадувања сезонава, една од ретките светли точки во тимот на Ипсвич кој испадна од елитното друштво. Самото испаѓање на Ипсвич значеше и клаузула од 30 милиони фунти за потписот на Делап, сума што неколку клубови беа подготвени да ја платат за да го доведат во своите редови.

Јунајтед имаше разговори со самиот фудбалер, но се падна во вода откако Челси експресно ги договори условите. „Сините“ му нудат на екс-младинецот на Манчестер Сити да заигра во Лигата на Шампионите, но и подобри финансиски услови отколку „црвените ѓаволи“, поради што Делап ја прифатил понудата на лондонскиот клуб и се очекува во следните 48 часа да потпише петгодишен договор со Челси.

Се вчитува...