Челси продолжува со одличните партии во Премиер-лигата, откако денеска без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Њукасл со 0-2 во меч од 9. коло. Сините од Лондон поведоа со автоголот на Фернандез во 10. минута, додека конечните 0-2 ги постави Теми Абрахам во 65. минута.
Со оваа победа избраниците на Френк Лампард избија на делба на првата позиција со 18 бода, исто колку и вториот Лестер кој има натпревар помалку. Њукасл останува 13. со 11 бода.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА