Челси ја оствари шестата победа во осмиот меч оваа сезона во Премиер – лигата, совладувајќи го Саутемптон со 0-3 на гостински терен. Тимот на Маурицио Сари со 20 освоени бода се наоѓа на врвот на табелата, во пресрет на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити, кое ќе се одигра на „Енфилд роуд“.
Еден Азар во 30.минута донесе предност за составот од „Стемфорд бриџ“, во вториот дел Рос Баркли зголеми на 0-2, а Алваро Мората во самиот финиш го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА