Челси прифати: Лукаку за пет милиони евра оди на позајмица во Рома

Ромелу Лукаку е многу блиску до преселба во Рома откако римскиот клуб постигна договор со Челси за едногодишна позајмица на овој фудбалер.

Челниците на Рома викендов отпатуваа за Лондон на директни преговори со „сините“, по што дводневните преговори вродија со плод, па Челси на крајот ја прифати понудата од пет милиони евра за едногодишна позајмица. За трансферот да биде комплетиран неопходно ќе биде и Лукаку да се согласи на намалување на платата од 7,5 милиони евра што му следи според договорот со Челси, а Белгиецот веќе најавил во разговор со Жозе Мурињо дека е подготвен да го стори тоа за што поскоро да се пресели на „Олимпико“.

Останува да се види во каква физичка форма се наоѓа Лукаку ако се знае дека тој летово ниту тренираше ниту пак играше натпревари со првиот тим на Челси, па речиси е невозоможно да се очекува тој да биде подготвен за дербито со Милан закажано за наредниот викенд. За тој натпревар Мурињо би требало на располагање да го има Азмун, кој ја комплетираше позајмицата од Баер Леверкузен.

Се вчитува...