Челси пријави загуба од 182 милиона евра

Актуелниот европски шампион пријави загуба од 182 милиона евра за 2021 година. Челси во соопштението вели дека тоа се темели на намалениот профит од продажба на играчи, но и на пандемијата на коронавирус која ги спречи навивачите да присуствуваат на трибините.

Единствениот профит во однос на претходната година е приходот од ТВ права кој од 217 милиони евра порасна на 325 милиони благодарение на успехот постигнат во Лигата на Шампионите, но и доцниот крај на сезоната во Премиерлигата.

„Пандемијата втора година по ред имаше сериозно влијание на приходите на клубот. Значајна загуба забележавме поради натпреварите кои се играа зад затворени врати, но со успехот во Лигата на Шампионите успеавме да ја надокнадиме загубата од неа. Доколку не влијаеше пандемијата на приходите од влезници веруваме дека оваа година ќе остваревме рекорден приход“, вели претседателот на клубот Брус Бак.

Се вчитува...