Челси се искачи на втората позиција на табелата во Премиер – лигата со 26 бода, пет помалку од лидерот Ливерпул, откако го совлада Кристал Палас со 2-0 на „Стемфорд бриџ“. Тоа е седми триумф во последните десет меча за избраниците на Франк Лампард кои прикажуваат одлични игри.
Кристал Палас издржа едно полувреме, но потклекна на самиот старт од вториот дел. Во 52.минута, Тами Абрахам успеа да го надмудри противничкиот голман Висенте Гуаита, а конечниот епилог го постави Кристијан Пулишиќ во 79.минута.
Кристал Палас останува на деветтата позиција со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА