Челси продолжува максимално во ЛК, лесно го освои студениот Казахстан (ВИДЕО)

И со втор состав, екипата на Челси беше пресилен за Астана, во петото коло во Лигата на конференции. Така сините од Лондон успеаја да дојдат до петтата победа во исто толку натпревари, и да се зацврстат на првата позиција на табелата.

На -15 степени во Алмати, Челси брзо дојде до предност од 0-3. Марк Гиу во 14. минута донесе предност, а потоа истиот играч зголеми и на 0-2. Веига во 39. минута донесе 0-3, и се чинеше дека тука е веќе обезбеден триумфот.

Марин Томасов постигна убав гол за Астана пред крајот на полувремето, но само да го ублажи  поразот.

Се вчитува...