Во финалето на УЕФА Европа лигата, Челси можеби ќе треба да му се противстави на Арсенал без Рубен Лофтус-Чик. Англискиот репрезентативец се повреди за време на хуманитарниот пријателски натпревар во САД пртоив Њу Ингланд кој „сините“ го добија со 3-0.
Лофтус-Чик се повреди во вторто полувреме, беше изнесен од медицинскиот тим со очигледна повредана глуждот. По натпреварот од соблекувалната кон автобусот се движеше со помагала.
Повредата на Лофтус-Чик е остварување на стравовите на менаџерот, Сари кој предупредуваше дека тимот не треба да патува на гостувањето затоа што му е неопходен одмор пред финалето со Арсенал.
Натпреварот кој беше дел од кампањата на Челси „Кажете му не на антисемитизмот“ го следеше и сопственикот Роман Абрамович.
Ruben Loftus-Cheek came out of the dressing room on crutches..
Get well soon @rubey_lcheek ???#CFC pic.twitter.com/uJ6nosLeul
— Talk Chelsea (@talkchelsea) May 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА