Челси прв полуфиналист во ФА Купот, проработе и Лукаку

Со головите на Ромело Лукаку и Хаким Зијех за само 15. минути, Челси успеа да го совлада составот на Мидлзбро и да се пласира во полуфиналето во ФА Купот.

Избраниците на Томас Тухел ја оправдаа фаворитската улога, и победникот го решија уште во првите 30. минути. Лукаку на асистенција на Маунт погоди во 15. минута, а потоа истиот играч асистент, а Зијех стрелец за 0-2.

Мидлзбро немаше шанси и сили за сензација после елиминацијата на Тотенхем.

Се вчитува...