Челси сака да го откупи Жоао Феликс

Англискиот премиер-лигаш Челси е подготвен да го откупи договорот од Атлетико Мадрид на португалската суперѕвезда Жоао Феликс, пренесуваат британските медиуми.

Жоао Феликс дојде во Челси на почетокот на календарската година од Атлетико Мадрид, но Челси не сака да го има само до крајот на сезоната, туку започна преговори за откуп на неговиот договор.

Клубот чиј член е 23-годишниот Жоао Феликс од 2019 година, наводно бара 100 милиони евра за Португалецот, а Челси е подготвен во целата приказна да го воведе и Кристијан Пулишиќ кој се помалку и помалку добива шанса во клубот.

Челси му го нуди на мадридскиот клуб Пулишиќ и одредена милионска сума, а сега останува да се почека одговорот на Атлетико. Откако дојде во Челси, Жоао Феликс одигра единаесет натпревари и постигна два гола.

Се вчитува...