Англискиот премиерлигаш Челси е во потрага по нов елитен напаѓач. Не е ова нова идеја, со оглед дека „сините“ од Лондон вчера ремизираа без голови, туку согласно комплетна анализа на новиот менаџер Маурисио Сари. Тој би сакал да доведе робусен центарфор, откако стана јасно дека Алваро Мората, а и Оливие Жиру, не се по негов вкус.
Сари го посакува Ромелу Лукаку, белгискиот интернационалец кој го носи дресот на Манчестер јунајтед, и не му оди најдобро оваа сезона. Италијанскиот стратег е подготвен да плати 75 милиони фунти, и тоа е понуда за која Жозе Мурињо треба сериозно да размисли.
Лукаку во периодот од 2011 до 2014 година беше во составот на Челси, но не доби голема шанса и одигра вкупно само десет натпревари. Потоа замина на позајмици во ВБА и во Евертон, а „карамелите“ и комплетно го откупија неговиот договор. Од Евертон направи голем трансфер во Манчестер јунајтед, каде на 45 натпревари има постигнато 20 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА