Англискиот премиерлигаш Челси сака да го искористи финишот на зимскиот преоден рок за да доведе нов напаѓач на „Стемфорд бриџ“. Менаџерот Антонио Конте има желба да го засили тимот со младиот напаѓач на Селтик, Муса Дембеле, кој зад себе има одлична сезона во дресот на шкотскиот првак. Покажа дека може да биде многу опасен и за премиерлигашите, откако го ’растури’ Манчестер сити во Лигата на шампионите. Италијанскиот стратег издаде наредба до раководството на клубот со сите сили да тргне по ангажман на Муса Дембеле.
Сепак, тоа нема да биде лесна задача, затоа што Селтик не сака ниту да слушне за продажба на својот голгетер за сума помала од 40 милиони фунти. Но, и тоа не би претставувал голем проблем за Роман Абрамович, доколку Конте навистина го посакува силно Дембеле како засилување во својот тим.
Менаџерот имаше несогласувања со Диего Коста во изминатиот период, па иако тие се надминати, сепак, не е лошо да се обезбеди со уште една опција во нападот. Мичи Батшуаи, кој дојде изминатото лето за сум од 30 милиони фунти, не ги оправда очекувањата и нема голема минутажа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА