Челси се бламира: Штом ние немаме навивачи, нека се игра пред празни трибини

Управата на Челси мака мачи да врзе крај со крај во услови на блокирани сметки и низата забрани од британската влада, но актуелниот европски првак денеска се посрамоти – јавно барајќи дуелот од ФА Купот со Мидлсброу да биде игран пред празни трибини, затоа што тие не смеат да продаваат билети на своите навивачи.

„Сините“ нема да можат ниту да патуваат со авион, па ги очекува автобуско возење во времетраење од десет часа за да стигнат до градот во Северна Англија, а дополнително разочарување за клупските директори бил повторениот став на британските власти – Челси не смее да продава билети за гостувањата.

Поради ова, „сините“ денеска побараа дуелот што е закажан за сабота да биде одигран пред празни трибини, „за да се испочитува спортскиот интегритет“ на натпреварувањето.

Повеќе од сигурно е дека барањето на Челси ќе биде одбиено од Фудбалската Асоцијација, но самата иницијатива е обид да се изврши притисок врз властите за ублажување на санкциите кон клубот.

Се вчитува...