Челси се двоуми за Санчо: 25 милиони фунти да го задржи или пет милиони фунти да се реши од него

Раководството на Челси се двоуми што да прави со Џејдон Санчо, англискиот репрезентативец кој оваа сезона е на позајмица на „Стемфорд Бриџ“ од Манчестер Јунајтед, но не се покажа во најдобро светло ниту во лондонскиот тим во главно добивајќи шанса од клупата.

Санчо пристигна во Челси на позајмица со обврска за откуп на неговиот договор за 25 милиони фунти на крајот на сезоната, но англиските медиуми откриваат дека постои опција во договорот клубот да го врати назад во Манчестер за пет милиони фунти.

Санчо е задоволен во Лондон и сака да остане на „Стемфорд Бриџ“ каде ќе се бори за првотимско место, но последниот збор ќе го има тренерот Енцо Мареска кој веќе „намерачи“ нови засилувања „по свој вкус“ за позицијата на која игра Англичанецот.

Се вчитува...