Млади играчи во Челси со години биле таргетирани од „манипулатор и сексуален злоставувач“ кој бил оставен да оперира „непредизвикан“. Ова стои во извештајот во кој се анализира скандалот со сексуално злоставување во Челси.
Докази од 23 сведоци во детали објаснуваат како поранешниот шеф-скаут Еди Хит долг период злоставувал момчиња од младинските категории на клубот. Хит почина во 1983 година. Во извештајот се посочува дека некои од надлежните во клубот мора да биле свесни за тоа што се случувало, но се правеле дека не забележуваат.
Челси објави соопштение во кое изразува безрезервно извинување. Клубот има и дополнителни проблеми со тврдењата за повеќегодишна расна дискриминација исто така во младинските категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА