Англискиот првак Челси успеа да го совлада Ватфорд со 4-2 на „Стемфорд бриџ“, иако на почетокот на второто полувреме имаше негатива на овој натпревар. Но, тимот на Антонио конте смогна сили повторно да направи пресврт и да стигне до трите бода. „Џокерот“ Мичи Батшуаи со два гола беше творец на пресвртот.
Педро го отвори резултатот во корист на Челси, но на самиот истек од првото полувреме Докоре успеа да израмни.
На стартот од вториот дел, Переира ги шокираше домашните фудбалери, но тогаш Конте во игра го внесе Батшуаи. Белгиецот со одличен удар со глава израмни на 2-2 во 71.минута, а во завршницата Аспиликуета донесе предност за Челси. Во последните мигови од мечот Батшуаи постигна уште еден погодок, поставувајќи го конечниот епилог, 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА