Голем скандал ја тресе Англија, откако играчот на Челси Михајло Мудрик бил позитивен на допинг тест. Од Челси ја потврдија веста дека од ФА биле контактирани во врска со Мудрик, и се огласија по повод целата ситуација.
Тие најавија соработка со сите надлежни институции во Фудбалската асоцијација на Англија.
„И клубот и Михајло целосно ја поддржуваат програмата за тестирање на ФА и сите наши играчи. Михаило категорично потврди дека никогаш свесно не користел забранети супстанци. И Михајло и клубот ќе соработуваат со релевантните власти за да се утврдат причините што го предизвикало позитивниот допинг тест. Клубот повеќе нема да коментира“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

