Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен во следната сезона сепак би можел да заигра во Премиерлигата и покрај тоа што Челси се откажа од негов трансфер. „Сините“ не успеаја да ја намалат цената која ја бара Наполи за негов премин на „Стемфорд Бриџ“ па се осврнаа кон Самуел Омородион од Атлетико Мадрид.
Целата ситуација сега ќе се обиде да ја искористи Арсенал кој е во очајна потрага по квалитетно засилување на напаѓачката позиција која претставуваше најголем проблем изминатата сезона.
Артета идеалното и долгогодишно решение го гледа во 25-годишникот кој на 133 натпревари за Наполи постигна 76 голови. Но, за реализација на трансферот Арсенал ќе треба второ лето по ред да постигне рекорден трансфер.
Минатото лето Арсенал „искешира“ 116 милиони евра за Деклан Рајс, а сега ќе треба да издвои 130 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА