Англискиот премиерлигаш Челси се „олади“ од намерата да го ангажира шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон во зимскиот преоден рок. Менаџерот Маурицио Сари го посакува одличниот играч за врска на Реал Мадрид, но проблемот е во преголемите финансиски барања на Иско и неговите агенти. Челси беше подготвен да плати отштета од 75 милиони фунти и на фудбалерот да му вети годишна плата од 10 милиони фунти, меѓутоа Иско побарал повеќе откако за него сериозен интерес покажа и францускиот првак Пари Сен Жермен.
Челси по ова се повлекол од играта, а Иско објави дека ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до лето и дека е среќен во „кралскиот клуб“. Само неколку дена претходно фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид истакнуваше дека е незадоволен поради малата минутажа во тимот и дека ги разгледува опциите за заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА