Енцо Фернандез пристигна во Челси во 2023 година во трансфер вреден неверојатни 121 милиони евра, а и покрај тоа што се долго се сметаше за „недопирлив“, ситуацијата е променета и раководството на „сините“ ќе дозволи негово заминување доколку стигне понуда вредна за неговиот квалитет.
Аргентинецот покажа врвен квалитет на теренот и лидерски способности во соблекувалната па интересот за негов е голем и тој е мета на ПСЖ и Реал Мадрид.
Во главните градови на Франција и Шпанија на него гледаат како идеално решение за долги стази со оглед на тоа што има само 25 години, а каде ќе заврши зависи само од финансиите.
Челси издвои неверојатна сума на пари при неговиот ангажман па ни цент помалку од 121 милион евра нема да биде доволно за тој да замине од „Стемфорд Бриџ“ со оглед на тоа што актуелниот договор му трае до 2032 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

