Новиот тренер на Челси, Енцо Мареска е во потрага на напаѓач за новата сезона. Еден од оние кои би можел да го засили тимот на „сините“ е Александар Исак од Њукасл.
Њукасл треба да го продаде Исак пред 1. јули за да ги исполни барањата за финансиски фер-плеј, меѓутоа сумата која ја бара е огромно. Станува збор за сума од 100 милиони фунти, нешто кое е шокантно дури и за Челси, кој во последните години потроши многу за реобнова на својот тим.
Челси веќе испратил понуда до Њукасл, но таа не изнесува повеќе од 60 милиони, додека од Њукасл бараат речиси двојно повеќе од таа цифра.
Минатата сезона Исак на 30 меча постигна 21 гол за Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА