Челси значително си ги намали шансите да стигне до Лигата на шампионите отако одигра само 1-1 на домашен терен против Хадерсфилд. Сега „сините“ од Лондон имаат 70 бода, два помалку од четвртопласираниот Ливерпул, во пресрет на последното коло во Премиер – лигата. Арсенал загуби со 3-1 на гостувањето кај Лестер.
Хадерсфилд прв поведе на „Стемфорд бриџ“. Лорен Депоитр го отвори резултатот, а возврати Маркос Алонсо во 62.минута. Челси имаше неколку шанси за триумф, но гостите успеаја да се одбранат и да освојат клучен бод во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА