Англискиот првак Челси се вклучи во трката за ангажман на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез од Арсенал. По откажување на Манчестер сити, градскиот ривал Јунајтед е во пол – позиција за негов ангажман, но Антонио Конте сака да си ја испроба среќата и ќе се обиде да го доведе Чилеанецот на „Стемфорд бриџ“.
За Арсенал ситуацијата е јасна, кој ќе понуди повеќе и ќе го добие Алексис Санчез, со оглед дека неговиот договор истекува во јуни и тој би можел да си замине како слободен агент. „Топчиите“ бараат 40 милиони евра отштета, а Манчестер јунајтед е подготвен и да го даде во размена Хенрик Мхитарјан. Но, сега и Челси ќе се обиде да стигне до одличниот напаѓач на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА